Времето оваа година постојано одеднаш се менува.
Во рок од една седмица мораме да преминеме од кратки ракави до чувствување на студ. Промените лошо влијаат на хронично заболените, па за нив пронајдовме неколку совети како да ги преживеат наглите промени.
Кога ќе излезете надвор облечете памучна маица која ќе ја впие потта и чевли во кои што не може да ве изненади дождот.
Доколку сте хронично болни, најдобро е да останете дома додека температурата не се стабилизира ( се очекува тоа да се случи викендов).
Луѓето кои што патат од психички пореметувања за време на наглите промени треба да испијат апчиња за смирување, кои што ќе им помогнат да ја пребродат оваа доба.
За време на наглите промени на времето, сите би требало да се хранат со здрава исхрана, да конзумираат многу вода и овошје.
Секој ден јадете супа и месо, за да добиете дополнителна енергија.
Јадете печурки, јагоди и суво грозје, бидејќи овие намирници се од голема важност за вашиот крвоток.
На жените им е потребно многу железо, па би требало да јадат каша од јаболки, динстан грашак.
И не заборавајте, многу течности.