Спортот на иднината

Благодарение на технологијата фудбалот сè повеќе се приближува кон точните науки.

Како Германија ја освои титулата на последното Светско првенство? Со голот на Марио Гетце во финалето против Аргентина, гласи најочигледниот одговор. Солиден придонес за триумфот сепак имаат и модерните технологии.

Во октомври 2013 година локалната фудбалска асоцијација потпиша договор со компанијата SAP за развој на софтвер платформа за националниот тим. Таа беше користена од страна на селекторот Јоахим Лев при подготовката и за време на самиот турнир во Бразил.

f1

Match Insights анализира голем број на податоци фатени преку видео камери, распоредени крај теренот. Информациите кои се однесуваат на брзина и истрчана далечина, позиционирање, број и ефикасност на ударите – е достапна во реално време на компјутери или мобилни уреди.

Бројките јасно ги нагласуваат силните и слабите страни на противникот, како и на сопствениот тим, а фудбалерите добиваат индивидуални задачи директно на своите телефони во пресрет на натпреварите.

„Џером Боатенг на пример посака и доби статистика за движењето на Кристијано Роналдо во шеснаесетникот, а пред дуелот со Франција утврдивме дека нивните играчи се премногу концентрирани во центарот и оставаат слободни простори на крилните позиции. Го искористивме тоа на најдобар можен начин”, објаснува легендарниот напаѓач Оливер Бироф. Тој е менаџер на националниот тим и истовремено амбасадор на SAP.

f2
Анџелика Кербер и колешките од женската тениска асоцијација (WTA) имаат на располагање иновативна платформа на SAP, која користи различни податоци за анализа. Досега таа можеше да биде користена само надвор од теренот при подготовка за претстојните натпревари, но од следната сезона тренерите ќе можат да користат мобилни уреди за време на дуелот, за да нанесуваат навремени корекции.

Интересно е дека компанијата имаше инсталирано по 8 камери на стадионите во Бразил и податоците беа достапни за сите тимови, но само Германија ја искористи услугата.

Договори со SAP имаат уште Баерн Минхен и Хофенхајм. Се очекува наскоро производот да биде купен и од други тимови од Бундеслигата.

Се разбира, сама по себе технологијата не бележи голови и не го зема во предвид човечкиот фактор – грешки, емоционални реакции и така натаму. Таа сепак е од клучно значење при изборот на стратегијата и при корекции во текот на средбата.

Апликации слични на фудбалската, се нудат уште за тенис, кошарка, американски фудбал, голф, Формула 1, па дури и за едрење. Принципот е сличен – преку систем од камери претплатникот добива огромен сет на податоци кои му помагаат да го подобри претставувањето.

Очигледно спортската индустрија, која се проценува на 100 милијарди долари, ќе се трансформира фундаментално. Натпреварувачите се повеќе ќе се доближуваат до совршенство, клубовите постојано ќе го зголемуваат профитот, а навивачите ќе добиваат нови и нови дози забава.

- Реклама -