Споредување со другите: Игра во која секогаш ти губиш!

Споредувањето со другите е игра во која секогаш губи тој што е склон на тоа.

Па, пред да тргнеш со саботажа на самата себе, добро размисли дали сакаш да паднеш во опасна замка, која често доведува и до депресија. Ние те советуваме вниманието да го посветиш на следните работи:

1.Не ги осудувај другите

Што помалку ги осудуваш другите, помалку ќе се осудуваш и самата себе. Прифати ги другите такви какви што се и концентрирај се само на нивните позитивни страни. Тоа истото примени го и на себе.

2.Никој не е идеален

K

Секој од нас пред излегување од дома може да намести насмевка на лицето која нема да ја симне цел ден додека повторно не се вратиме меѓу нашите четири ѕида, а никој да не се посомнева во нешто. Но, никогаш не знаеш што се крие под површината. Да се идеализираат другите значи да гледаш на себе како на некој кој никогаш нема да биде таков. Но, запамети никој не е идеален.

3.Споредувај се сама со себе

Остави ги другите да си го живеат животот и единствено што е дозволено е да го споредуваш твоето минато со сегашност. Што си подобрила, што можеш да подобриш и слично. Тоа е чувството што носи среќа и задоволство.

- Реклама -