Одлична идеја имаат момците и девојките (да не влегуваме во стереотипи дека само машките ги бива за технологија) од сајтот EverythingApplePro кои речиси секоја година прават интересни видео споредби на перформансите на сите генерации на iPhone.
Овој пат секако се додадени и iPhone 5s и iPhone 5c, кои во исто време се тестираат со неколку задачи заедно со моделите од претходните генерации. Тоа што може да се забележи е дека постарите модели со iOs 6, особенo iPhone 3GS, имаат побрзо време на исклучување, додека пак новите благодарение на поквалитетните процесори се подобри во сите останати тестови.
За iPhone 5s се тврди дека е двојно побрз од својот претходник iPhone 5 и тоа е навистина така ако се погледнат синтетичките бенчмаркови каде се мерат перформансите, но всушност во реалната употреба нема некоја позначителна разлика од една две секунди на реакција.
Затоа погледнете го целото видео во продолжение и сите тестови направени врз сите осум модели на iPhone досега.
[youtube]http://youtu.be/8eSrdgTHhK0[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk