Споредба: Првиот компјутер vs. денешните суперкомпјутери

first-computer[1]

Ај замисли го светот без компјутери? Разбирливо, не знаеш од каде да почнеш – дури и нештата за кои не сме свесни се тесно поврзани со компјутерите. Затоа, нема ни потреба да се истакнува дека првиот компјутер во историјата – Electronic Numerical Integrator And Computer (ENIAC), е дел од кратката листа на најважните изуми што човештвото некогаш ги направило.

Воените научници почнале со дизајнирање на ENIAC за време на Втората светска војна, со цел да ги искалкулираат траекториите на проектилите. До моментот кога првиот прекинувач на компјутерот бил вклучен, војната веќе била завршена. Така, ENIAC стана алатка за оружја во Студената војна. Создавачите на првата хидрогенска бомба одат дотаму што ќе речат дека таа никогаш не би постоела, ако не беше ENIAC.

И додека ENIAC беше вистинско чудо за тоа време, според денешните стандарди и по староста е рамен на диносаурус. ENIAC имаше 17.468 вакуум цевки, кои пукаа на секои пар денови. Зафаќаше површина од 167 метри квадратни и тежеше повеќе од 25 тона (колку некои од најтешките диносауруси што постоеле). На сето тоа, ENIAC можеше да извршува околу 5.000 инструкции по секунда. iPhone 6, за споредба, тежи 129 грама, а извршува 25 милијарди инструкции во секунда.

Во меѓувреме, денешните суперкомпјутери, како Blue Gene/P на IBM, се далеку од споредба. Модерниот суперкомпјутер извршува толку многу инструкции во секунда, што компјутерските научници веќе не ја мерат нивната брзина во инструкции по секунда.

Blue Gene/P може да се пофали со импресивно резиме: го мапираше човечкиот геном, симулираше радиоактивно распаѓање, леташе авиони, па дури и ја реплицираше моќта на човечкиот мозок. Да, со неговите 780 килограми, тој е огромен во споредба со модерните лаптопи или таблети, но извршува равенки за кои човечкиот ум е одвај способен и процесира незамислива количина на информации – а притоа е 30 пати помал од ENIAC.

today-super-computer[1]

- Реклама -