До сега имаат излезено многу видеа во кои се споредува 4.7-инчната верзија на iPhone 6 со Samsung Galaxy S5 и други паметни телефони, но нема многу видеа со споредба на 5.5-ичниот iPhone 6 со други уреди.
Сепак, YouTube каналот TechSmartt (via AppleInsider) нуди споредба на 5.5-ичниот iPhone 6 со Samsung Galaxy Note 3 во која ги разгледува шпекулациите на Епл против својата главна конкуренција.
Кога е спореден со 5.7-ичниот Note 3, 5.5-ичниот iPhone 6 е малку повисок. Ова корелира со претходната споредба на големината во која 4.7-ичниот iPhone 6 беше со иста висина или повисок од водечкиот Android паметен телефон кој имаше малку поголем екран.
Екстра висината во голема мера се должи на одлуките во дизајнот од претходните модели на iPhone, кои вклучуваат идентична големина на рамките на врвот и дното. Овие рамки содржат FaceTime камера, копчето Touch ID Home и бројни сензори. Подетално, погледнете ја споредбата во видеото подолу: