Според Законот за СЈО постоиме до септември 2020

Обвинителката во СЈО Ленче Ристовска денеска пред рочиштето за предметот „Талир“ најави дека во текот на денот СЈО ќе објави соопштение во врска со дописот што го добиле од ЈО за преземање на предметите.

Таа не сакаше да даде повеќе детали туку најави заеднички став по консултациите на сите обвинители.

Таа само рече дека согласно Законот, СЈО се уште постои и функционира и се надева дека наскоро ќе биде донесен законот за ЈО.

-Многу пати апелиравме за важноста на носење на овој закон (Закон за ЈО н.з.). Тоа го има и во последното наше соопштение зошто е важно да се донесе тој закон. СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристовска.

- Реклама -