Според науката, мажите сакаат жени со помалку шминка

Жените веројатно треба да намалат со ајлајнерот, вика науката.

Според истражувањето објавено во Quarterly Journal of Experimental Psychology, перцепцијата околу тоа што мажите и жените сметаат за атрактивно е прилично промашена. И покрај тоа што многу од жените носат шминка за да изгледаат попривлечно, резултатите покажуваат дека главно претеруваат.

Студијата е спроведена на универзитетите Бангор (Велс) и Абердин (Шкотска). На 44 жени им биле дадени основа, кармин, руменило и маскара, по што се нашминкале како во вечерите кога излегуваат. Притоа биле фотографирани: пред, за време на разните етапи и по шминкањето. Потоа истражувачите ги селектирале и подредиле фотографиите така што да добијат палета од 21 слика од секоја од жените со различни количини на шминка.

Сликите им биле покажани на 44 студенти од Бангор, кои од нив требало да ја изберат сликата на која партиципантките им изгледале најпривлечно, но и сликата што сметале дека ќе ја преферираат мажите, како и сликата што сметале дека ќе ја преферираат жените.

Резултатите покажале дека жените ги сакале сликите на кои моделите носеле повеќе шминка, за разлика од мажите. Секој од испитаниците претпоставил дека мажите повеќе ќе ги сакаат моделите со повеќе шминка отколку жените, но тоа се покажало како невистинито. И мажите и жените ги преферирале сликите на кои моделите носеле отприлика 40% шминка помалку отколку што ставиле во крајната фаза.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Врз основа на ова, истражувачите заклучиле дека жените ставаат шминка поради перцепцијата за некаков стандард за убавина кој во реалноста не постои.

„Сé на сé, овие резултати покажуваат дека жените веројатно носат козметика за да ги задоволат перцепираните (т.е. тоа што мислат дека се) преференци на другите. Но овие погрешни перцепции изгледаат повеќе поврзани со тоа што се очекува од мажите да им се допаѓа, а не со тоа што навистина им се допаѓа“, пишуваат авторите.

Од друга страна, и маживе денес почнаа да чупаат веѓи и да го депилираат секое влакно, така што во лажните перцепции си пливкаме заедно – и мажи, и жени.

- Реклама -