На територијата на Република Македонија постојат богатства кои ги нема ниту во една друга земја.
Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20-от век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.
Во 1986-тата година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија. По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрен.
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен сулфат (TlAsS2) е минерал и за првпат е пронајден во Алшар. Крстен е по унгарскиот научник Лоранд. Лорандиот е редок минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.
Се смета дека го има само во Македонија а можеби и во Шри Ланка. Во 1978-та е одржана тајна седница на владата на СФРЈ на која се разговара за тоа дали рудикот Алшар да и се препушти на НАСА.
Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.
Рудникот Алшар се наоѓа 300 метри од малото село Мајден, во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата.
Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена.
Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!
Лево, на двесте метри од Алшар има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.
Уште полево од Алшар и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар, познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.