Поместување на стрелките еден час понапред не само што е бескорисно, туку е и опасно, велат експертите. Најновите истражувања покажаа дека поместувањето на стрелките влијае негативно врз нашето здравје.
Поместување на стрелките еден час понапред не само што е бескорисно, туку е и опасно, велат експертите. Најновите истражувања покажаа дека поместувањето на стрелките влијае негативно врз нашето здравје.
На нашиот биолошки часовник подобро би му било да остане на зимското сметање на времето бидејќи организмот трпи последици заради промената – посебно црниот дроб на кој му е потребно шест до седум дена за да се навикне на оваа промена. Поголем дел од земјите воглавно во Африка, Јужна Америка и Азија, не го поместуваат часовнкот.
Најновите истражувања покажаа дека поместувањето на времето не делува само краткотрајно на нашето здравје во облик на несоница или зголемен број на инфаркти – туку и во следните седум месеци додека повторно не се врати зимското време, тоа значително влијае на голем дел од светското население, а тоа води до недостаток од сон.
Според германските психолози, ние никогаш не можеме вистински да се навикнеме на таа промена. И австриските неуролози исто така сметаат дека не постои причина за менување на времето, а научникот Jürgen Zulley кој се занимава со проучување на спиењето побара укинување на поваа практика:
„На нашиот биолошки ритам повеќе му одговара да го задржиме зимското време.“, тврди тој.
Horst-Werner Korf, научник од Франкфурт, смета дека преминот кон летното сметање на времето посебно влијае врз т.н. ноќни птици, т.е. оние кои се повеќе активни навечер. Ним станувањето наутро и онака им е тешко, а заради губитокот од еден час оваа промена им влијае многу повеќе, смета тој.
Ако сте вработени мора да се прилагодите на ритамот на општеството, што значи дека се менува и внесувањето на храна во телото, а таа последователна промена доведува до пореметување во телото, истакнува Корф кој додава дека на црниот дроб му е потребно шест до седум дена за да се навикне на оваа промена. dw-world.de