Доколку сакате оваа зима да немате проблем со студот, задолжителен дел од секојдневната облека е волнениот шал. Но, со оглед на тоа што купечките не се воопшто евтини, а оние пак кои се поекономични речиси и воопшто да не греат, нема подобро решение од тоа самите да го сплетете. Доколку спаѓате во онаа голема група на луѓе кои не умеат да ракуваат со плетилото, ви го претставуваме најоригиналниот и едноставен начин на плетење. Се што ви е потребно е картонска кутија, ножици, и волница. Постапката е следна.