Спирална пита од тиквички и домат

Рецептот спаѓа во категоријата рецепти кои се подготвуваат брзо и лесно.

Состојки:

купено лиснато тесто

1 и пол шолја рикота сирење

2 јајца

шолја рендан пармезан

1/2 лажичка сол + уште малку за посипување

1/4 лажичка бибер + уште малку за посипување

1/4 лажичка морско оревче

2 тиквички пд средна големина, тенко исечени во должина

3 моркови, излупени и тенко исечени во должина

1 домат со средна големина, тенко исечен во должина

лажица маслиново масло

pita

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во сад со средна големина помешајте ги сирењето, половина пармезан, сол, бибер и оревче.

Лиснатото тесто развлечете го и ставете го во округла тепсија (околу 23 см.), а потоа избоцкајте го со вилишка.

На тестото сипете сирење. Преку сирењето редете го зеленчукот, така што потенката страна на зеленчукот ќе биде на сирењето, а долгата на работ. Нека секој концентричен круг е од еден вид зеленчук. Редете почнувајќи од работ на тепсијата кон средината додека не го потрошите сиот материјал. Потоа попрскајте ја питата со маслиново масло, посолете и побиберете, па посипете го преостанатиот пармезан.

Печете ја питата во загреана рерна околу еден час.

 

- Реклама -