Спилплац – селото во кое сите жители се голи

Во Велика Британија постои едно скриено селце во кое за да бидете жител, морате да сте потполно голи. Селото Спилплац (на германски – „игралиште“) е основано во 1929-тата, а веќе 85 години во него живеат голи луѓе.

Спилплац е дом на најстарата нудистичка колонија во Велика Британија. Една од жителите е и Изелт Ричардсон (82), воедно и ќерка на основачот на заедницата.

„Нашето село е како мала држава. Имаме свој млекар, поштар и момче кое разнесува весници. Се е нормално“, вели Изелт, која во селото живее од самото свое раѓање. „Нема разлика помеѓу натуристите и луѓето што живеат погоре на улицата… Сите живееме нормални животи, но имаме доволно среќа за да живееме во ова прекрасно место“.

239C19FE00000578-2854814-image-3_1417349839882[1]

Живеалиштата претежно се состојат од бунгалови со две спални, а цената на еден таков бунгалов се движи околу 85.000 фунти.

239C19D300000578-2854814-image-1_1417349647102[1]

239C199800000578-2854814-image-10_1417349927530[1]

Што се однесува до начинот на живот, речиси сите активности се обавуваат „на голо“. Пазарење, одење во паб, пиење кафиња со соседите, косење на тревата во дворот… Сепак, при работа во градината или слични обврски, жителите на селото без двоумење користат гумени чизми или друга соодветна облека. Исто така, се облекуваат и кога им е студено (кој би рекол, а?).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Судејќи по приказната на една друга жителка, Тина Јејтс, животот во голото село е добар и за самодовербата. Пред да дојде да живее во селото, Тина била преоптеретена со лузната на абдоменот, последица на операција, до степен да одбива одредени активности во кои другите би можеле да ја видат. Нејзиниот сопруг, нудист, ја донел во селото со надеж дека ќе ја разведри. Набрзо, Тина заборавила на сите свои недостатоци, а двојката трајно се вселила во затворената гола заедница.

239C19B200000578-2854814-image-13_1417350234779[1]

Мештаните велат дека зад оградите на Сплиплац се живее без инхибиции, тензии и непотребни стресови. Единствен проблем се жестоките дебати околу тоа дали треба и посетителите да бидат целосно голи (кога семејството и внуците ќе дојдат на посета, на пример).

239C361000000578-2854814-image-14_1417350274258[1]
Имате поздрав од мештаните.
Инаку, жителите на Спилплац многу тешко дозволуваат медиумите да допрат до нив. Овој пат е исклучок, бидејќи за нив ќе се снима документарец. Дозволата се должи на тоа што просечната старост во селото е 60 години, па мештаните сакаат да привлечат внимание и млади нудисти во туристичка посета, со надеж дека ќе им се допадне и ќе останат да живеат во селото.

 

- Реклама -