Спиење: навиките и ритуалите низ светот

Неодамнешната интернационална анкета покажува интересни културни разлики во однос на навиките околу спиењето, во кои се вклучени и нешта како менувањето на постелнините и спиењето голи. 1500 луѓе, на возраст од 25 до 55, од 6 земји – САД, Канада, Мексико, Велика Британија, Германија и Јапонија, беа прашани за нивните ритуали, навики и избори околу спиењето.

spienje

Повеќе од пола (62%) од Мексиканците и скоро пола од Американците се молат или медитираат во последниот час пред да одат на спиење, што е повеќе од другите нации.

Британците се рангирани на прво место според навиката да пијат лесни и смирувачки пијалоци (како чајот) пред спиење, а една третина рекле дека спијат голи.

Во просек, сите земји користат по две перници, освен Јапонија, каде што луѓето користат само по една. Еден од 10 луѓе во Мексико и Јапонија спие без перница.

Најчеста активност во креветот е гледањето телевизија.

 

 

Кој е најуреден?

a-tracy-emin

Во Јапонија има најголем процент (20%) на испитаници што рекле дека ретко или воопшто не го местат креветот. Од друга страна, Мексико води со 82 проценти, кога станува збор за секојдневно местење на креветот.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Водечка една четвртина од луѓето во Мексико ги менува постелнините повеќе од еднаш неделно, додека скоро третина од Јапонците ги менуваат на повеќе од три недели. Во Германија 12 проценти ги делат навиките на Јапонците.

9 од 10 испитаници, од сите земји, рекле дека се чувствуваат порелаксирано ако спалната соба има свеж, пријатен мирис. За Германците, свежината на воздухот е особено важна. Тие ја проветруваат спалната соба барем еднаш неделно.

 

Колку спијат луѓето во светот?

bigstock_Man_Asleep_With_Clock_6535139

Испитаниците од сите земји рекле дека спијат во просек 45 минути подолго, во неработните денови.

Јапонците и Американците спијат 30 до 40 минути помалку во работните денови, отколку останатите земји, каде што просекот е 6 часа и 30 минути.

Две третини од луѓето во Јапонија одговориле дека спијат помалку од 7 часа пред работниот ден. За споредба, кај Американците бројот се движи околу една половина, кај Германците – 36 проценти, а кај Канаѓаните и Мексиканците – 30 проценти.

 

- Реклама -