Сопственик на бунгалов наменет за посетителите на еден парк во Зимбабве, Гај Витал, поминал ноќ со крокодил, а тоа не го знаел.
Несекојдневниот гостин бил откриен од страна на хигиеничарката наредното утро, кога Витал заминал на работа, а таа влегла да ја среди собата.
Колку му било убаво и пријатно на крокодилот, говори и фактот дека се разбудил од вресокот на жената кога го здогледала.
Крокодилот бил извлечен од собата и пуштен на слобода, а среќниот Витал тврди дека претходната вечер во собата влегол сам, а неговиот „цимер“ под креветот поминал осум часа.