Специјално за Арапите: Наместо коњски, Nissan воведе камилски сили

Ова не е шега, Јапонците одлучија да ѝ посветат поголемо внимание на арапската гордост и да ја одредат моќноста во Camelpower. Интересното е објаснувањето дека во песок коњите заглавуваат и нема можност да се измери точно колку е една коњска сила … Како што е познато, една конска сила е мерка за моќ, потребна за кревање на товар од 75 килограми на висина од еден метар за една секунда. Во новите единици таа одговара на 735,5 W.

Nissan препорачува во арапскиот свет да се користи мерката камилска сила – Camelpower (СР), а статијата за овој предлог е објавена во познатото списание и ТВ канал- National Geographic. Шефот на канцеларијата на Nissan во Абу-Даби, Самир Черфан, дури организирал компаративни мерења на камилска моќност на падина на Дина. Локалните инженери и физичари имаат развиено нова формула по која понатаму сметаат да ја оценуваат моќноста на автомобилите приспособени за работа во песоците. Главната задача била да се поврзе масата, брзината и силата на стандардизирана песочна падина пред камерите на Geographic Abu Dhabi.

Автоплус

- Реклама -