Qashqai ќе стане првиот модел на Nissan, во кој ќе бидат интегрирани технологии, специјално развиени за автономните автомобили на иднината.
Плановите на Nissan се до 2020 да лансира палета на модели со способности за автономно управување, вклучувајки автомобили, кои ќе можат безбедно да поминуваат низ крстосници во градот и да се движат во крајно густ градски сообраќај, без интервенција на возачот.
Технологиите ќе биде монтирани во сериски автомобили со достапна цена, а првиот модел кој ќе се појави во Јапонија оваа година е посебно подготвен Qashqai. Во наредните четири години Nissan ќе лансира модели со зголемени автономни способности како multiple-lane control, кои автономно ќе можат да одлучуваат во опасни ситуации и да ги менуваат патните ленти при возење на автопат.
До крајот на деценијата компанијата ќе претстави inner-city автономија, овозможувајќи на автомобилите да поминат низ градски крстосници, без возачка интервенција.