Многу слатки десерти лесно ќе успеете да ги редизајнирате и да ги направите според вашиот животен стил, доколку умеете да ги замените намирниците што содржат млеко.
Ако печете колачиња, наместо путер можете да употребите овошно пире и тоа најдобро од овошје со густа конзистенција – банана, крушка, ананас…Имајте на ум дека треба да ја намалите количината на шеќер според рецептот, поради тоа што во колачот ќе внесете овошје. Што се однесува до количината на путер и овошје, размерот треба да биде 2 спрема 1, односно наместо 100 гр. путер, да ставите 50 гр. овошје.
Исфрлете го млекото
Наместо кравјо млеко, користете млеко со друго потекло – соја, кокос, бадемово млеко. Дури и кога подготвувате слатки за оние кои што не се вегани, слободно одлучете се за овој трик, ќе добиете сосема поинаков вкус кој што им се допаѓа на многумина. Доколку млекото предвидено во рецептот е за солено јадење, водете сметка да употребите замена што не е засладена.
Варијации наместо павлака и шлаг
Ако според рецептот за некое слатко ви е потребна слатка павлака, заменете ја со кокосово млеко или пасирано авокадо. За полн вкус на матен шлаг, пробајте пире од индиски ореви – добро е да го измиете, па да го изматите во блендер и да додадете сок од јаболко. На крајот, зачинете со малку екстракт од ванила.