Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале кое ќе остане запишано во аналите на тенисот, успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година на Вимблдон, славејќи против Швајцарецот Роџер Федерер во пет сета и за првпат во историјата преку новото имплементирано правило со триумф од 13-12 во тај-брејк во последниот сет.
Unbelievable. Unshakeable. Unstoppable.@DjokerNole wins his fifth #Wimbledon title in an instant classic, defeating Roger Federer 7-6(5), 1-6, 7-6(4), 4-6, 13-12(3) #JoinTheStory pic.twitter.com/S2Mx1yyJ3M
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2019
Правата драма настана кога Федерер освои брејк и беше на дофат на победата со својот сервис, но Ѓоковиќ веднаш врати изнедначувајќи. Следеше игра со поен за едниот и поен за другиот, до 12:12 во петтиот сет.
Ова беше беспоштедна борба во која двајцата тенисери ги вложија сите сили и треба да им се честита. Ова е петта титула на Србинот на Вимблдон по што уште поцврсто ќе застане на првото место на АТП листата.