Победникот на натпреварот за дизајн на новите бизнис-области во кинескиот Шензен, треба да изгради една четвртина футуристички изглед.
Шензен досега го засенуваше просперитетниот сосед Хонг Конг, но кој знае за колку долго. Всушност, дизајнерите се поканети да ги достават своите ставови на локалната бизнис-област, која се наоѓа во област која се протега на повеќе од 170 хектари земјиште, пишува Huffington Post.
Увидот бил дека треба да има барем три високи кули, да биде мешавина на трговски и културни објекти и да се вклопи во животната средина.
Победил нацртот наречен „Cloud Citizen“, а го дизајнирале Urban Future и RC Design со помош на шветскиот технички универзитет Чалмерс. Највисоката кула во компелсот е висока 680 метри, а целиот компекс е една интегрирана градба.
„Cloud Citizen е еден иконографски комплекс со впечатлива кула која му дава карактер и надеж за позелена иднида која овозможува човечко вработување“, напишале дизајнерите во описот на проектот.
Не е познато кога ќе почне изградбата на овој комплекс.