Монолитниот глечер Perito Moreno се наоѓа во провинцијата Санта Круз, Аргентина. Оваа прекрасна локација е една од најпопуларните туристички атракции во Патагонија. Ледената формација зафаќа површина од 250 квадратни километри и продолжува да се шири. Дополнително, таа е опкружена со засебни ледени блокови и санти мраз, што придонесува во спектакуларната убавина на глечерот, чиј поглед ве остава со подзината уста.
Целата област е дел од националниот парк Los Glaciares, а недопрената природа не е ништо помалку привлечна од самиот глечер. Пешачките патеки и тури околу Perito Moreno се навистина незаборавно искуство. Ледениот убавец е всушност трета најголема резерва на природна вода во светот и е вклучен на листата на УНЕСКО.
Perito Moreno е еден од најпристапните глечери, па доколку ви се укаже можност да го видите одблизу, не ја пропуштајте!