Спектакуларни – тоа е најдобриот збор за опишување на овие автомобили. Иако, истиот ефект би го имале и „фантастични“, „футуристички“ и „неверојатни“. Кога Алфа Ромео го претставила дизајнот на серијата BAT (Berlinetta Aerodinamica Tecnicas), тој бил радикален колку и оној на оригиналното Ламборџини Кунташ.

Судејќи според овие фотографии, BAT 5 многу потсетува на Бетмобилот, иако тоа никогаш не била намерата на дизајнерот. Создавајќи го дизајнот, Џузепе Бертоне успеал да создаде и олицетворение на динамичниот и храбар дизајн во повоена Италија. Вистинска убавина.
Помеѓу 1953 и1955, Бертоне и Алфа Ромео претставувале по еден концепт за BAT на Саемот за Автомобилизам во Торино – моделите 5, 7 и 9. Концептот зад Berlinetta Aerodinamica Tecnicas бил создавање на автомобилска школка која ќе има што е можно помал аеродинамичен отпор. Генералниот дизајн, пропорциите, и стилот на BAT 9 можеле да се видат и во многу други проекти на Бертоне во педесетите – уникатното Абарт 215 А купе, ограничената серија на Alfa Romeo Sprint Speciale, и уникатното Масерати 3500 GT во 1959.