Жителите на Австралија ја дочекаа Новата година со традиционален, спектакуларен огномет што се одржува на Сиднејското пристаниште, и покрај смртоносните пожари кои принудија илјадници да бараат засолниште на плажите и каде многу градови да ги откажат прославите.
Повеќе од милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј и во околните места за да уживаат во исклучителниот спектакл што ја осветли и познатата зграда на сиднејската опера.
Планираниот огномет доцнеше 15 минути поради силниот ветер.
Нов Зеланд беше меѓу првите каде пристигна 2020, а во Оукленд беше подготвен спектакуларен огномет од Скај тауер.
Властите во Хонг Конг го откажаа популарниот огномет во пристаништето Викторија, поради најавените протести.
Новата година прво пристигна на јужнопацифичкиот остров Самоа и Божиќните Острови во Тихиот Океан.