На германските доктори им успеа да имплантираат специјален микрочип во ретината на еден слеп пациент, со што му овозможија тој да прогледа.
На германските доктори им успеа да имплантираат специјален микрочип во ретината на еден слеп пациент, со што му овозможија тој да прогледа.
Чипот со сензор од 1.500 пиксели може да ги имитира електричните сигнали испратени од здраво око преку нервниот систем до мозокот. 45-годишниот пациент, кој беше идентификуван само со името Мика, можеше да се ориентира и да чита после имплантирањето.
Микрочипот, која беше направен од германската компанија Ретина Имплант, му беше вграден на Мика во медицинското училиште на Tuebingen универзитетот, но според етичките правила на универзитетот, експерименталната направа мораше да се отстрани после неколку недели. Имплантот кој беше вграден во ретината во текот на четиричасовната операција е со големина од само три милиметри. На веб страницата на Retina Implant се вели дека чипот ќе добива енергија бежично преку високофрекфентна радијација.
„Мика покажа дека со чипот е возможно да се направи слепите да гледаат“ според Eberhart Zrenner, водачот на медицинскиот тим. Тој исто така додава дека овој импалнт ќе им помогне на слепите луѓе да гледаат веќе од следната година.