Speccy ќе ви прикаже детални информации за вашиот хардвер

софтверПланирате надградба наскоро? Заштедете време од непотребни пребарувања и преземете го Speccy. Оваа апликација ќе направи брз скен на вашиот компјутер и ќе ви прикаже комплетна слика на сè што имате во него.

500x_speccyПланирате надградба наскоро? Заштедете време од непотребни пребарувања и преземете го Speccy. Оваа апликација ќе направи брз скен на вашиот компјутер и ќе ви прикаже комплетна слика на сè што имате во него.

Кога Device Manager не ви дава доволно инфо, Speccy изгледа како атрактивна опција која ќе ги прикаже имињата на деловите, температурата, како и бројот на празни слотови РАМ меморија.

Ако кликнете на некоја од категориите ќе добиете уште подетален извештај за процесорот, аудио картичката, графичката, матичната плоча, цд/двд итн. Преку Speccy во живо може да ја погледнете температурата, DRAM фреквенцијата, bus брзината и сл.

Според нас ова е одлична апликација, чиста и детална, но пред сè бесплатна и достапна само за корисниците на Windows.  [Speccy]

- Реклама -