Спасувачи отпуштени зашто снимиле пародија (видеа)

Група спасувачи кои работеа во градскиот базен во малото градче Ел Монте, источно од Лос Анџелес, решиле да снимат видео, пародија на ултра популарната заразна песна Gangam Style, со наслов Lifeguard Style. Но, поради тоа, 14 спасувачи, вклучувајќи го и менаџерот, биле отпуштени од работа.

Иако видеото било снимено за време на паузата од работа, кога во базенот немало надворешни посетители и било наменето како забавен начин за запомнување на летото што завршува, но и промоција на базенот за следната сезона, управата решила да им врачи откази, поради „недозволеното користење на објектот и официјалните униформи за лична корист“.

{youtube}PIj3YMM-Ko0{/youtube}

Lifeguard Style

{youtube}fpVmMtUlKQc{/youtube}

- Реклама -