Спасувачите од Хаваи ќе ѝ доделат награда на Хајди Клум (видео)

Хајди Клум спречи голема трагедија спасувајќи го седумгодишниот син Хенри и неговите две дадилки од давење на Хаваите, a обезбедувањето на плажата каде што се случил инцидентот сака да ѝ даде медал за храброст на манекенката. Хенри инаку пливал заедно со неговите две дадилки кога голем бран ги повлекол во водата. Хајди Клум и нејзиното момче Мартин Кристен веднаш истрчале кон нив и им помогнале да дојдат до брегот.

По несреќата манекенката изјавила дека во спасувањето многу ѝ помогнало тоа што Хенри е одличен пливач. Храброста на Хајди Клум предизвика бројни позитивни коментари.

http://youtu.be/CCQGh8kJb9c

- Реклама -