„Сакам да оддадам посебно признание до сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија“, истакнува во објава на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Покажавме дека знаеме како држава да не ги оставиме граѓаните сами, туку да бидеме рамо до рамо со нив, а тука беа и нашите пријатели од Србија, нашите партнери од Словенија, од Романија, Австрија, од Бугарија, од Франција итн“, вели тој.
Спасовски упатува посебна благодарност до сите пожарникари во државата, полициските службеници, на припадниците на Армијата, на многу одговорни луѓе од државната администрација кои се приклучија кон гасењето на пожарите, како и на медиумите за објективното информирање на јавноста.