Спасовски: Случајот во Охрид е сценарио и дел од хибридната војна

Последниот случај во Охрид е сценарио и дел од хибридната војна, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во емисијата „Утрински печат“ тој потенцираше дека „од иста групација се и тие што тепаат и тие што се тепани“.

„Луѓе од иста групација се и тие кои тепаат и тие кои се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. За секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и која било друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај“, рече Спасовски.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување

Тој како лажни вести ги отфрли тврдењата дека полицијата не реагирала кога било пријавено.

„Веднаш откако е пријавено, полицијата отиде во болница да види што се случува, да земе изјави итн. Исто и од страна на болничките центри се преземени мерки за првично згрижување на пациентот“, рече Спасовски.

МИА

- Реклама -