До Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Шест од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовск.
Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.
Според Спасовски, организираната крмининална група била формирана за вршење убиства од одмазда и по порачка од користољубие. Организаторите создавале планови и одлучувале кој, кога и како да биде лишен од живот, а плановите ги спроведувале лично или преку организираната криминала група. Организираната криминална група делувала на меѓународно ниво, оранизирала набавка на кокаин од јужноамерикански земји, пренесување до земјите на ЕУ, а дел бил наменет и за наркопазарот во земјава.
-Како резултат на денешните активности и извршените претреси на 20 локации во Скопје, во село Грчец и други места, шестмина од пријавените се лишени од слобода, дел подолго време престојуваат надвор од земјава, а едно лице, Р.С., е веќе лишено од слобода во Шпанија. Знаеме каде се останатите лица кои подолго време престојуваат надвор од земјава и тие ќе бидат лишени од слобода. Имаме детална соработка со ЕУРОПОЛ, продолжуваме понатаму со активностите, истакна Спасовски.
Според него, при претресите се запленети голема сума пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.
Спасовски оценби дека ова е една од можеби најзначјаните истраги со која финишира целосното разбивање на криминалните групи кои делувале повеќе од 30 години на тероторијата на Град Скопје.