Спасовски: Пунктот за промена на лични документи без закажување ќе работи од 8 до 18 часот со можност за продолжување до 20 часот

Од денеска официјално почна да работи пунктот на Министерството за внатрешни работи за промена на личните документи без закажување, кој се наоѓа во салата на полициската станица Пролет во општина Центар.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на МВР го посети пунктот, рече дека ова е направено со цел граѓаните да можат до законски утврдениот рок, февруари 2024 година, да направат промена на личните документи.

„За таа цел инсталиравме 10 базни станици каде граѓаните може да се сликаат за документите. Системот е тестиран и овозможува околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат целат процедура. Работното време на пунктот е од 8 до 18 часот со можност да се продолжува до 20 часот“, рече Спасовски во изјава за медиумите. 

Прочитајте и:  Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

МИА

- Реклама -