Спасовски, Османи и Филипче отсуствуваат од Советот за безбедност откако вчера беа во посета на кумановскиот градоначалник

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче денеска не присуствуваат на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, кој почна во 12 часот и на кој требаше да се разговара за продолжување на вонредната состојба во земјава за наредните 30 дена. Нивното отсуство, за „Плусинфо“, го потврдиле и од Кабинетот на претседателот.

Причината за нивното отсуство е нивниот вчерашен состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој денеска на Фејсбук соопшти дека и тој самиот е меѓу новите позитивни случаи во Куманово.

 

- Реклама -