Спасовски: Нема заштита за ниту еден, помина времето кога МВР беше познато под друго име

„Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Фејсбук, алудирајќи на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактите се тие, а пред фактите и боговите молчат“, додава тој.

Прочитајте и:  Тошковски: Дозволи за оружје добивале луѓе кои законски немале право, отказ за околу 15 високи полициски функционери
- Реклама -