По две и пол години водење силна и одговорна економска политика, владата предводена од СДСМ направи економски пресврт, напиша денеска на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
Од негативна вредност на БДП од -1.8 %, постигната е просечна вредност на БДП од 3.5%. Од минимална плата 9.000 денари, сега имаме минимална плата од 14.500 денари, а просечната плата изнесува 25.787 денари, пишува Спасовски.
Освен тоа, невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17.1%, додава тој.