Спасовски најверојатно ќе мора повторно да оди во двонеделна самоизолација

Во моментов се прави епидемиолошката анкета за контактите на техничкиот премиер Оливер Спасовски, откако потпретседателите на СДСМ – Мухамед Зекири и Сања Лукаревска – со која Спасовски имаше заеднички прес вчера во Куманово, беа позитивни на тестовите за Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

И покрај тоа што анкетата е во тек, потенцираше Филипче, согласно контактите што Спасовски ги имал, најверојатно ќе треба да оди во 14-дневна самоизолација, вторпат од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјава. Претходно во самоизолација Спасовски заврши откако имаше контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -