СПАСОВСКИ НАЈАВИ НАМАЛУВАЊЕ НА KA3HИTE ЗА СООБРАЌАЈНИ ПPЕKPШOЦИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави намалување на висината на казните за сообраќајни прекршоци.

Тој синоќа на трибина на СДСМ во Кичево рече дека намалувањето на казните за сообраќајни прекршоци го ветиле на граѓаните и тој проект ќе го остварат.

„Ако е проблем што враќаме повеќе пари кај граѓаните, да ве информирам дека наредната недела ќе доставам до Владата предлог во кој ќе се направат измени во законските решенија и со тоа ќе ги намалиме сите казни за сообраќајните прекршоци. Тоа беше нешто што го ветувавме, нешто што беше дел од проектите и тоа ќе го реализираме“, рече министерот Спасовски.

Според постојниот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата донесен во 2015 година, казната за паркирање на улица е 45 евра, од 225 до 500 евра е казната за возење под дејство на алкохот, 45 евра се казните за неносење сигурносен појас и зборување на телефон, 300 и 400 евра се казните се возење над дозволената брзина во населено место.

- Реклама -