Спасовски на трибината во Куманово: Ова е град на соживот, на „Едно општество за сите”

„Изминаа четири години власт на СДСМ и може да кажеме дека Македонија е многу понапредна, економски стабилна и меѓународно ценета. Дел сме од НАТО сојузот, на пат сме кон ЕУ“, истакна потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, на партиската трибина „Најдоброто за нашата општина“, денеска во Куманово.

„Токму во овие четири години власт го живееме времето на идеалите на нашата Република Северна Македонија, моменти кои ги постави нашиот прв претседател на независна Македонија – Киро Глиготров, независна, демократска, слободна членка на НАТО“, оцени Спасовски.

Пред кумановчани, тој подвлече дека СДСМ секогаш гради едно општество за сите:

„Македонци и Албанци, Турци и Роми, Срби и Власи, сите заедно живееме во Куманово затоа што Куманово е Македонија во мало, и најдобро знаеме што значи да се живее заеднички, да се гради ‘Едно општество за сите’ не само во градот, туку и во државата“, рече Спасовски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Тој оцени дека Владата предводена од СДСМ направила голем напредок во економијата, социјалната сфера, здравството, образованието, културата, спортот.

„Ако се прашаме дали бевме добри, можеби не најдобри, но ги исполнуваме очекувањата и сите принципи кои беа програмска определба на изборите во 2016 и 2017 година.  Завршени се 60 проценти од ветените проекти, а 20 проценти се во рализација“, истакна Спасовски.

- Реклама -