Спасовски: Континуираните полициски контроли го намалија бројот на жртви во сообраќајот, а се зголеми бројот на казните

Податоците покажуваат дека во октомври 2020 година имало 11 жртви во сообраќајот, а во октомври годинава има 5, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во „Утрински брифинг“, посочувајќи дека се намалува бројот на жртви во сообраќајот, но и дека тоа е резултат на зголемување на бројот на казните.

Тој потенцираше и дека лани, и тоа во периодот со најмногу рестрикции, имало повеќе несреќи и жртви во сообраќајот отколку сега во истиот период од годината. Тоа е така, вели Спасовски, поради континуираните акциски контроли кои МВР ги спроведува за да се зголеми безбедноста, за да се намалат жртвите и тешките телесни повреди и материјалните штети.

Спасовски порача дека децата уште од мали нозе мора да се учат на морални и етички норми, а со тоа и на одговорно однесување во сообраќајот.

„Регистрирани се 96 загинати во периодот од јануари до октомври. Исто така имаме и 166.853 прекршоци, што е зголемување за 70%. Станува збор за повеќе изречени казни, што ќе предизвика внимание кај луѓето и позитивни или негативни реакции во јавноста“, подвлече министерот за внатрешни работи.

Извор: Бриф

- Реклама -