Спасовски: Kој ќе ја прекрши изолацијата ќе биде пpефрлен во центрите за карантин

По откриените триесетина случаи на граѓани кои не ја почитуваа наредбата за домашна изолација и беа затекнати надвор од своите домови, премиерот Спасовски најави дека од утре несовесните граѓани ќе бидат автоматски префрлани во центрите за карантин и кривично ќе одговараат.

Секој кој нема да биде во самоизолација, при проверка на полиција, директно ќе се носи во центро за изолација. Овие мерки ќе ги воведеме од утре. Затоа апелирам, граѓаните да ги испочитуваат мерките бидејќи нема да има пардон за никој. Никој не смее да го загрозува животот на граѓаните. Ќе има и кривични санкции и карантин, соопшти Спасовски.

Тој потврди дека е запознаен со фактот дека се почесто се откриваат случаи на луѓе кои не се придржуваат до самоизолацијата и карантинот и покрај патролните проверки.

Спасовски соопшти и дека Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани и додаде дека ќе се испитуваат информациите за изнајмување на куќи во неколку скопски населби како и на договорите за издавање.

- Реклама -