Премиер на техничката влада, како што и се шпекулираше, ќе биде Оливер Спасовски, соопшти премиерот Зоран Заев по повеќе од два часа консултации на Централниот одбор на СДСМ на кој се избираа членовите на техничката влада.
Актуелната министерка за труд и социјална политика – Мила Царовска, која по пржинскиот модел треба да го остапи своето место, во техничката влада ќе го замени Кочо Анѓушев и ќе биде вицепремиер за економски прашања и координација на економските ресори во Владата.
На местото на Оливер Спасовски, дополнителен министер за внатрешни работи покрај техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Славјанка Петровска, шефицата на кабинетот на Спасовски.
По истиот принцип, дополнителна министерка за труд и социјала ќе биде Санела Шкријељ, шефицата на кабинетот на Царовска.
Сите четири одлуки, како што рече Заев, СДСМ ги донела едногласно.