Контролите што беа спроведени во Тетово не се започнати сега, туку се континуирани, потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,во интервју за „ТВ24“.
Само во ноември, односно од почетокот на месецот па до сега, истакна Спасовски, на вонреден технички преглед биле испратени 358 возила, поточно комбиња и автобуси што превезуваат патници.
Тој појасни дека најмногу контроли има во СВР Тетово – 162, затоа што таму е и најзастапен ваквиот превоз.
„Во МВР одлучивме дека единствен начин за да се избегнат жртви на патиштата се зачестените контроли. Самиот факт за тоа што се прави во сообраќајот е што на стратешко ниво го поставивме прашањето за подобрување во сообраќајот. 70% повеќе имаме прекршочни санкции во однос на истиот период минатата година. На 5 октомври на возило Беса-Транс имаме извршено ваков технички преглед“, потенцираше Спасовски.