Спасовски: Исплатени се прекувремените часови на сите полицајци за последните четири години

„Успеавме да ги исплатиме сите прекувремени работни часови на сите полицајци, на оние кои имаат над 150 работни часа во текот на еден месец. Исплативме и за 2017 година, за 2018-та, за 2019-та и сега за 2020 година мораме до јуни да ги исплатиме“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во „Стадион“ на радио „Канал 77“.

Спасовски потенцираше дека токму по оваа основа, т.е. кога МВР не исплаќало прекувремени работни часови, имало голем број на тужби и МВР трошело огромни средства да ги плати и прекувремените часови, но и судските трошоци и камати. Сето тоа било огромен товар за полицијата, истакна министерот.

- Реклама -