Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, на кој покрај него присуствуваа и министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и инспекторатите за животна средина и на локалната самоуправа, за, како што соопшти, подобрување на состојбите во однос на загадувањето.
На овој координативен состанок се најави дека полицијата заедно со инспекторите на терен ќе ги ловат загадувачите.
„Патролите ќе ги правиме заедно со инспекторатот бидејќи тие имаат надлежности за ова да покренат постапка и МВР ќе биде поддршка за соодветно да се заврши целата постапка“, рече министерот.
Од Инспекторатот на Град Скопје повеќепати беше укажувано на проблемот со кој се соочуваат инспекторите кои на терен затекнале лица кои палат отпаден материјал, но бидејќи немаат надлежности да ги легитимираат тие лица или, пак, се работи за луѓе без соодветни лични исправи, честопати тие случаи останувале без соодветен институционален епилог.
Итна координативна средба кај премиерот Заев дојде само неколку дена откако повеќе граѓански здруженија за заштита на животната средина упатија отворено писмо до премиерот и до претседателот на државата Стево Пендаровски во кое бараат МВР и Армијата да бидат вклучени во патролирањето и да организираат стражи за да бидат фатени оние кои палат шуми, стрништа или отпад.
Спасовски призна пред новинарите дека додека долгорочните мерки како гасификацијата и субвенционирањето на инвертери дадат резултати, неопходно е моментално дејствување.
„Се договоривме сите инспекторати да си ја завршат работата во рамките на своите надлежности и да ги исконтролират сите субјекти кои се потенцијални загадувачи, да ги координираат своите активности да формираат заеднички тимови во кои задолжително ќе има униформиран полицаец, секојдневно и континуирано во сите општини во државата, а целиот процес ќе се координира од канцеларијата на премиерот, каде ќе се поднесуваат секојдневни извештаи“, информираше Спасовски.
На прашањето од новинарите дали е подготвен се откаже тој и сите министри од возењето со службени возила, а парите да се пренаменат за борбта против загадувањето, Спасовски со одговор: Ако тоа ќе направи воздухот да биде чист, јас и министрите сме подготвени од утре да одиме на работа со јавен превоз или пешки!
Повеќе ТУКА.