Спасов: Можно е Заев во резерва да крие и некое двотретинско мнозинство

„Барајќи рогови можеш да останеш и без уши“, пишува  на Фејсбук аналитичарот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов, на тема преговорите за формирање влада меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ – Зоран Заев и Али Ахмети.

 

„Али Ахмети само го провоцира македонскиот национализам. Ако не биде прифатено било кое негово барање да може да каже: ‘Сите се исти. Не нѐ сакаат. И за разлика од нас Албанците, кои сме космополити, тие етнички се фрустрирани’. Тој ги турка со провокација сите Македонци и припадниците на сите други етнички заедници во обединување за да може да каже: ‘Мора ние да се обединиме против нив’.

Тој чезнее да биде на чело на Обединетите Албанци како во 2001 година кога ‘со крв ја обезбедувал слободата и рамноправноста’. И живее во тој филм.

И затоа не треба да се наседнува на такви провокации. Не е патриотизам ние да се обединуваме против нив. Тоа е национализам. Патриотизам е она што го покажа Заев во однос на Грција и Бугарија. Да се нудат одговори, а не изговори. Смирено и без непотребно наседнување на провокации.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Интересите се бранат најдобро ако имате разбирање за нивните проблеми, но и ако тие се подготвени да ве разберат вас. Без тоа, обединувањата на двете страни ќе водат само кон оддалечување и распад.

Заев и неговиот тим со ладна глава до сега решаваа многу потешки проблеми од составување влада. Можеби во резерва крие и некое двотретинско мнозинство. Тоа треба да го има на ум и оној што ја чул поговорката дека ‘Барајќи рогови можеш да останеш и без уши’ “, пишува Спасов.

- Реклама -