Northern Lights Wildlife Society e здружение кое згрижува повредени и напуштени диви животни, ги чува додека да пораснат и да се подготват за враќање во дивината, а потоа ги ослободува. Луѓето од здружението велат дека се навикнати на разделби. Свесни се дека кога животните ќе заминат, веќе никогаш нема да ги видат, иако буквално ги израснале.
Во 2008, меѓутоа, имале посебен случај. Млада срна и еленче останале без својата мајка, па здружението ги згрижило на својот резерват. Еленчето, за жал, не преживеало, но срната со тек на време успеала да застане на нозе, да порасне здрава и да се врати во дивината.
Четири години подоцна, се случило нешто малку веројатно. Срната се вратила „на посета“ во резерватот, но донела и гости. Ги донела своите малечки, можеби за да ги запознае со луѓето кои ѝ го спасиле животот:
https://www.facebook.com/NLWSCanada/videos/1471200846297965/