Неверојатно видео во кое за прв пат некогаш е снимен момент на кој падобранецот за малку ќе бил погоден од метеор, додека го отварал падобранецот паѓајќи кон Земјата.
Андерс Хелструп избегнал сигурна смрт за само неколку метри кога метеор паднал речиси до него на висина од 300mph, откако скокнал од авион над Хедмарк, Норвешка.
Експертите се убедени дека тоа е метеорит во „мрачен лет“, односно станува збор за парче од поголем метеор што претходно експлодирал над површината на Земјата. Ако е така, ова е првиот пат да биде тоа посведочено и снимено на видео.
Геологот Ханс Амундсен за норвешкиот сајт NRK изјавил:
„Тоа не може да биде ништо друго. Обликот е на типичен метеорит- нова мазна површина од едната страна, додека другата страна е заоблена“, рекол тој.
Падобранецот кој го снимил настанот со камерата која се наоѓала на неговата кацига, Андерс Хелструп немал претстава дека дошол толку блиску до речиси фатален судир:
„Имав чувство дека имаше нешто, но не приметив што се случува. По слетувањето и гледањето на снимката откривме нешто шокантно“, вели тој.
Најчесто, метеорите согоруваат откако ќе навлезат во атмосферата на планетата, но понекогаш оние поголемите го преживуваат патувањето.