„Спаси куче, изеди Кинез“

Кинеската амбасада во Берлин упати протестна нота и бара германските онлајн продавници да престанат да продаваат извесна линија маици со натписи навредливи за Кина.

Во понудата на страната Spreadshirt.de, на пример, има маици со натписи „Спаси куче, изеди Кинез“, „Спаси ајкула, изеди Кинез“, или „Сега разбирам кинески“ – на која две непостоечки „кинески“ букви имаат секс.

Од германската влада се бара да ги повлече маиците со спорни натписи, а воедно се инсистира и на објаснување и извинување за навредата.

Меѓутоа Филип Рук – шефот на компанијата (со седиште во Лајпциг), вели дека не планира да ги повлече маиците од продажба. Тој инсистира дека неговата компанија овозможува „отворена платформа на која луѓето можат да создаваат и разменуваат идеи“, дополнувајќи дека натписите може да се контроверзни за некои луѓе, ама за другите не се.

„Ние не судиме и не го цензурираме дизајнот врз основа на општествените и политичките определби“, вели Рук, истакнувајќи дека немало намера некој да биде навреден.

Патем, на страната има стварно добри дизајни. Кликнете на сликава за да ја посетите.

Со оглед на развојот на настаните, нема да биде чудно некој Кинез/кинеска компанија да врати со иста мерка кон Германците.

- Реклама -