Спасени кученцата од реката

КученцаДоказ дека за секое злобно суштество на планетава постои и едно добро е Роза Павловиќ, бабичката што ги спасила кученцата што беа фрлени во реката Врбас кај Бугојно, во Босна. Кученцата во мигов чекаат некој да ги посвои.

Доказ дека за секое злобно суштество на планетава постои и едно добро е Роза Павловиќ, бабичката што ги спасила кученцата што беа фрлени во реката Врбас кај Бугојно, во Босна. Кученцата во мигов чекаат некој да ги посвои.

Кученца

Роза Павловиќ успеала да извади пет од шестте кученца непосредно откако девојката во црвено ги фрли во реката Врбас. Таа се погрижила за нив, обезбедувајќи им топол дом и храна. Тие сега чекаат добри луѓе што ќе ги посвојат.

Кученца

Во меѓувреме, беше потврдено дека идентитетот на девојката што беше пронајден од интернет заедницата, е точен. Истата била уапсена од босанската полиција и казнета со 5 илјади евра за суровост кон животните. Иако казната ни оддалеку не соодветствува со злосторството, добро е што барем не помина неказнето.

Кученца
[Puppies Thrown Into Bosnian River Saved And Up For Adoption]

Дополнување: Веќе денес (8. 9. 2010) беше потврдено дека приказната со бабичката всушност е измама која ја поттикнала истата девојка, во обид да оттргне дел од вниманието од себе. Им се извинуваме на нашите читатели за погрешната информација.
- Реклама -