Спасена после 17 дена поминати во дивина

Австралијанката Шенон Ли Фрејзер успеала да се спаси откако поминала 17 дена загубена во дивина во северен Квинсленд.

Фрејзер (30) успеала  да дојде до цивилизација, откако на 21 септември исчезнала во текот на капење, во местото Голден Хол, каде била со двајца мажи од кои што едниот е нејзин партнер, јавуваат локалните медиуми.

Таа сега закрепнува во болница од инфицирани рани и тешки изгореници.

Исчезнувањето на оваа мајка на три деца предизвика голема потрага, наведува Би-Би-Си.

Спасувачите правеле ознаки со маркер додека ја барале, а Шенон се спасила следејќи ги ознаките.

Полицијата соопшти дека жената била пронајдена на само 30 метри од местото на исчезнување.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Членовите на семејството за медиумите велат дека Шенон преживеала благодарение на водата од поток, малите риби што успевала да ги улови и инсектите.

Седела во потокот три дена за да ги ублажи изгорениците и раните.

Фрејзер која била тешка 90 килограми, за 17 дена изгубила 16 килограми.

Полицијата засега вели дека е во тек истрагата за околностите под кои што исчезнала жената.

- Реклама -