Неодамна јапонските научници откриле ген кој е одговорен за пренесување на никотинот од коренот до листовите на тутунот. Тие веруваат дека можат да отстранат одредени информации од генот…
Неодамна јапонските научници откриле ген кој е одговорен за пренесување на никотинот од коренот до листовите на тутунот. Тие веруваат дека би можеле да отстранат одредени информации од генот така што тој со себе би носел наместо никотин некои корисни алкалоиди.
"Новооткриениот ген Nt-JAT1 ќе може да се користи во медицинските и агрономските истражувања за пренесување на "добри" супстанции низ билките", смета еден од членовите на истражувачкиот тим. "Со одгледување на нов вид тутун ќе помогнеме на голем број пушачи да се ослободат од никотинската зависност без употреба на никотински фластери и мастики, лекови и други средства за одвикнување. Со елиминација на никотинот од тутунот ќе се заштитат и непушачите, затоа што и тие веќе не сакаат да го вдишуваат канцерогениот чад од цигарите" – изјавил Kazufumi Yazaki, водачот на истражувачкиот тим при Институтот за одржување и заштита на околината, кој три години работел на откривање на Nt-JAT1.
И порано се знаело дека оваа билка го произведува никотинот во својот корен, а потоа го пренесува до листовите. Но, ова е прв пат да е идентификуван генот "транспортер". Генот Nt-JAT1 го пренесува никотинот до листовите, односно до вакуолите во кои се акумулираат водата и другите супстанции. Со индустриска обработка на листовите, канцерогениот никотин останува заробен во вакуолите, а се ослободува кога ќе запалите цигара. [Gene breakthrough to make smoking less addictive]